Награда за МУЗЕЈСКИ ПРОЕКТ НА ГОДИНАТА за проектот „Двете рози на Исус“
15733
post-template-default,single,single-post,postid-15733,single-format-standard,bridge-core-3.1.1,qi-blocks-1.2.4,qodef-gutenberg--no-touch,qode-page-transition-enabled,ajax_fade,page_not_loaded,,qode_grid_1200,qode-theme-ver-30.0.1,qode-theme-bridge,wpb-js-composer js-comp-ver-7.1,vc_responsive
 

Награда за МУЗЕЈСКИ ПРОЕКТ НА ГОДИНАТА за проектот „Двете рози на Исус“

Награда за МУЗЕЈСКИ ПРОЕКТ НА ГОДИНАТА за проектот „Двете рози на Исус“

Комисијата за доделување на наградата „18 Мај – Меѓународен ден на музеите“ на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје – ја додели наградата за Музејски проект на годината за проектот „Двете рози на Исус“ од авторот Цветанка Вучковска – Митовска.

Изложбата е поставена во градот Лизје во областа Нормандија во Франција, од каде и потекнува француската светица и мисионерка Св. Тереза од Лизје, која е патронка на Мајка Тереза.

Посетеноста на оваа изложба во 2022 година брои околу 700.000 посетители и истата ќе биде отворена за посетители и во 2023 година. За оваа година е можна и посета на Папата Франциск во Лизје, по повод 150 години од раѓањето на Св. Тереза од Лизје, со што се очекува уште поголем број на посетители.