МУЗЕЈ МТ
15816
page-template,page-template-full_width,page-template-full_width-php,page,page-id-15816,bridge-core-3.1.1,qi-blocks-1.2.4,qodef-gutenberg--no-touch,qode-page-transition-enabled,ajax_fade,page_not_loaded,,qode_grid_1200,qode-theme-ver-30.0.1,qode-theme-bridge,wpb-js-composer js-comp-ver-7.1,vc_responsive
 

МУЗЕЈ МТ

ИСТОРИЈАТ

Желбата да ѝ се оддаде почит на најпознатата скопјанка и единствената нобеловка од Македонија, резултираше со реализирање на долгопосакуваната идеја за изградба на Спомен-куќата на Мајка Тереза. По тој повод, на 9 мај 2008 година, беше поставен камен-темелникот на спомен-куќата. По само девет месеци беше изграден објектот посветен на најхуманата жена на светот. Спомен-куќата за посетителите беше официјално отворена на 30 јануари 2009 година.

Локацијата на објектот не е случајно избрана. Имено, на ова место, до земјотресот во 1963 година се наоѓала католичката црква „Пресвето Срце Исусово” во која Мајка Тереза, тогаш Гонџа Бојаџиу, била крстена само еден ден по своето раѓање.

Од отворањето во 2009 година, па сѐ до денес, спомен-куќата е посетувана од 80.000 до 100.000 посетители годишно, меѓу кои биле и голем број претседатели на држави, министри, амбасадори, црковни великодостојници, Аге, внуката на Мајка Тереза, кардиналот Пјетро Паролин (државен секретар на Ватикан), отец Лео Масбург (биограф на Мајка Тереза), Марија Према (генералната сестра на редот на „Милосрдните сестри“) како и многу други.

ПОСТАВКА

Внатрешноста на изложбениот простор во спомен-куќата на Мајка Тереза е направена со цел да потсетува на типична градска куќа од Македонија на почетокот на XX-от век.

Поставката започнува со фотографии од старо Скопје од почетокот на дваесеттиот век кога Македонија сѐ уште била дел од Отоманската империја, а со цел да се долови духот на овој дел од Балканот како крстосница меѓу ориенталниот Исток и христијанскиот Запад. Преплетувањето на културите се проткајува низ секоја нишка на секојдневјето и е најдобро илустрирана преку изложениот мебел, кујунџиските изработки, облеката итн.

Концептот на изложбата е да се следи животниoт пат на Мајка Тереза од нејзиното детство поминато во родното Скопје преку годините поминати како Мисионерка на Милосрдието, па сѐ до нејзината смрт, беатификација и канонизација.

Амфитеатар

Подрумскиот дел од музејот е конципиран како мултимедијален простор каде што се одржуваат проекции, промоции, едукативни проекти и времени изложби поврзани со животот и делото на Мајка Тереза и воопшто со хуманитарната работа на луѓето од целиот свет.

Капела

Над изложбениот простор се наоѓа капела каде што свештеници од католичката црква одржуваат миси. На свечените миси, поврзани со значајни датуми од животот на Мајка Тереза, се изложува нејзината првостепена реликвија.

Членови на управен одбор на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза

Беќир Кубур – претседател
Мамер Шабани – член
Драган Костиќ – член
Цветанка Вучковска – Митовска – член

Работно време

Понеделник – Петок 09:00 – 20:00 часот
Последниот гостин влегува во 19:45 часот
Сабота – Недела 09:00 – 14:00 часот
Последниот посетител влегува во 13:45 часот
Бесплатен влез
Лидерството е бесплатно
За организирани групи, задолжителна е претходна регистрација

светилиште (маса)
вторник 08:00 часот