09 Jun Македонска делегација на канонизацијата на Мајка Тереза
На канонизацијата на Мајка Тереза присуствувала македонска државна и црковна делегација, предводена од претседателот Ѓорге Иванов, привремениот премиер Емил Димитриев, министрите за надворешни работи и за култура, Никола Попоски и Елизабета Канческа Милевска, водачите на двете најголеми партии, Никола Груевски и Зоран Заев, претставници на Католичката црква во Република Македонија и на Македонската православна црква, како и претставник од семејството на Мајка Тереза.
Истата вечер се одржало свечено отворање на изложба во црквата „Св. Станислав“ во Рим, на која се претставени фотографии и текстови поврзани со животот и делото на Мајка Тереза, насловена како Madre Teresa – Santa di Skopje, Santa del mondo („Мајка Тереза — Светица од Скопје, Светица на светот“). Организатори на настанот биле Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје и Министерството за култура на Македонија.
Во Скопје канонизацијата на Мајка Тереза се одбележа со еднонеделна Татковинска прослава која на 11 септември 2016 година се заврши со Понтификална миса на плоштадот Македонија, предводена од папскиот кардинал Винко Пулиќ . а во Индија е одржана посебна миса од нејзиниот ред.